СКАНДАЛ: Протекоа и документи – што прави на иста маса Панче Тошковски со американски дилер на дрога?

ВМРО-ДПМНЕ и техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски комуницираат со луѓе осудени на затворска казна во Соединетите Американски Држави за трговија со недозволени супстанци при што загинало едно лице, пренесе Инфомакс.

Документи од американски суд покажуваат дека лицето Михаил (Мајкл) Солаков е осуден на 33 месеци затворска казна поради трговија со недозволени супстанци при што загинува едно лице.

Групата, меѓу кои и Солаков шверцува амфитамин, при што во лонгета полнат амфетамин. Лицето кое е наводно повредено под лонгетата има рана, поради што починува при транспортот на амфетаминот.

Американските медиуми пишуваат за овој случај, кој предизвикал смртни последици.

Господинот згрешил, бил осуден, си лежел во затвор, но проблематично е тоа што министерот за внатрешни работи се среќава со ова лице и објавува фотографии на социјалните мрежи со него.

Документи и целиот текст прочитајте ги на Инфомакс.мк – клик ТУКА.