Нова голема лага од Цветан Трипуновски – но повторно фатен „на дело“: ЕВЕ ја вистината

Деновиве, во фокусот на јавноста се обвинувањата на дополнителниот заменик-министер за земјоделтво, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски кој е кадар на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ а кои се однесуваат за наводни незаконски исплатени средства за финансиска поддршка на малите производители на храна и пијалаци.

На ваквите обвинувања, веднаш со демант излегоа од ресорното министерство.

„Вистината е дека овие програми се реализираат преку законот за извршување на буџетот, нешто што и во самата програма јасно е наведено. Вистина е дека малите производители на храна и малите винарници се успешна приказна по која како држава сме препознатливи во регионот. Останува прашањето што треба да го одговори дополнителниот заменик-министер дали е против поддршката кон малите производители на храна и пијалаци? Преку овие неточни обвинувања дополнителниот заменик-министер јасно праќа порака дека е против малите производители на храна, малите винарници, против жените земјоделки и младите земјоделци, кои се диреткни корисници на овие програми.” – стои во реакцијата.

Освен министерството, исто така и 67 мали семејни винарии, реагираа на како што велат, изнесените невистини од страна на техничкиот министер за земјоделие Цветан Трипуновски во врска со доделените грантови на малите семејни винарии од страна на МЗШВ.

“Ние како единствено здружение кое ги поврзува сите мали винарии од Македонија имаме морална обврска да ја кажеме вистината. Грантот во 2022 и и 2023 беше јавно објавен на страната на МЗШВ и сите што аплицираа и ги исполнуваа условите добија грант, без оглед на партиската припадност, спротивно од тврдењата на г-динот Трипуновски дека добиле само блиски на актуелниот министер Николовски. Грант добија и Советник во општина Кавадарци од Вмро Дпмне, кандидат за градоначалник на општина Росоман од ВМРО Дпмне, раководител во подрачна единица на МЗШВ Кавадарци во време на ВМРО Дпмне и сите други наши членови на здружението кои имаа уредна документација. Само една мала винарија беше одбиена, Агро Стратус, затоа што член на комисијата во МЗШВ е во роднинска врска со сопственикот на винаријата, спротивно на тврдењата на техничкиот министер Трипуновски.” – потенцираа од здружението на македонските семејни винарии.