Полицијата го затвори тренинг центарот на Манчестер Ј. – пронајдени делови од човечко тело

Полицијата во Манчестер, привремено го затвори тренинг просторот на Манчестер Јунајтед, поради тоа што било јавено дека во близина на тие терени, биле пронајдени остатоци од човечко тело.

Се води веќе истрага околу тоа за чиј леш станува збор и кога всушност се случило убиство па тоа тело било закопано во близина на тренинг базата на академијата на Јунајтед.

Познато е дека на оваа локација, до пред само 15 години, тренираше првата екипа на Манчестер Јунајтед.

– Истрагата е во тек, просторот ќе биде затворен извесен период додека не биде утврдено што точно се случило, порачаа луѓето кои ја водат истрагата.

Постојат неколку теории дека станува збор за тело на локален гангстер кој бил убиен во пресметка на неколку кланови, па закопан во близина на академијата на Јунајтед.