Трет ден предизборна кампања за претседателските избори

Продолжува предизборната кампања за Претседателските избори со презентација на програмите на кандидатите на митинзи, дебати и средби со граѓани. На вториот ден од кампањата кандидатите со пораки до гласачите за просперитетна иднина, за европска интеграција, како и критики до опонентите.

Изборниот караван на кандидатот на Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, Стево Пендаровски, денеска ќе ги посети општините Македонски Брод и Кичево.

Кндидатката за претседател поддржана од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните на Демир Капија, Неготино и Кавадарци.

Бујар Османи, кандидатот за претседател на Европскиот фронт, во Тетово (хотел НБ), ќе учествува на дебатата насловена „Задржување на младите во земјава.

Караванот на кндидатот за претседател на Движењето ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска ќе ги посети и ќе има средби со граѓаните на општините Валандово, Богданци, Дојран, а агендата ќе ја заокружи со обраќање пред жителите на Гевгелија.

Изборниот штаб на кандидатката за претседател од Левица, Билјана Ванковска најавува дека ќе бидат остварени средби со граѓани во Прилеп, Демир Хисар.

Претседателскиот кандидат на Коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари и носителот на пратеничката листа во Првата изборна единица од коалицијата Изет Меџити ќе учествуваат на одбележувањето на Меѓународниот ден на спортот во Градскиот парк во Скопје.