Пратеничка Соња Михаиловска, која по занимање е лекар со осуда за денешното убиство на колега: Да се расчисти во најбрз рок

Пратеничката Соња Михаиловска, која по занимање е лекар, го осуди убиството на свој колега со неколку убоди од нож, во скопска Железара.

-Со голема тага ја примив веста за смртта на мојот колега доктор, кој синоќа го загуби животот откако беше избоден со нож.

Докторите заедно со медицинскиот персонал, секојдневно работат и се грижат за здравјето на секој пациент. Нивната посветеност не заслужува напади и насилство, туку почит и признавање.

Очекувам надлежните институции да преземат мерки и да го расчистат случајот во најбрз рок.

Упатувам длабоко сочувство до семејството, напиша Михаиловска.