(ФОТО) Скандал ја тресе Општина Конче: Градоначалникот на својот прв братучед му овозможува милионски суми од сомнителни тендери

Голем скандал се случува во Општина Конче, каде во „игра“ се милионски суми, кои завршуваат на сметките на блиски лица до градоначалникот на општината, Златко Ристов, покажуваат документите до кои дојде нашата редакција.

Документите до кои дојдовме ние, покажуваат како градоначалникот на општина Конче, Златко Ристов овластува вработен од општината само фиктивно да стави потпис и да се склучи договор со неговиот прв братучед Слободан (деца на две сестри).

Она што дополнително создава револт во Конче е што во изминатиот период градоначалникот ништо не исполнил од својата програма и ветувањата пред изборите, но затоа умешно на својот близок роднина му дава милионски тендери за пристапни улици.

Во продолжение погледнете ги двете фотографии:

Воедно, дел од граѓаните од Конче дополнително прашуваат, дали покрај Слободан, градоначалникот Златко дава тендери на уште еден свој прв братучед?