Турците лоцираа и уапсија двајца опасни криминалци кои се криеле во Македонија

0
86

Турските власти уапсија и екстрадираа вкупно десет лица осомничени за тешки кривични дела, од кои седум беа барани по црвена интерполова потерница, а три на национално ниво.

Според податоците на турското МВР, приведените се лоцирани во Германија, Грузија, Мароко и Северна Македонија. Преку координирана акција на Интерпол-Европол одделите, турското Министерство за правда, разузнавачките служби, како и единиците за борба против криминал, наркотрафикинг и кибер-криминал, сите десет осомничени биле прецизно лоцирани и екстрадирани.

Интерес за Северна Македонија: Приведени двајца осомничени

Од акцијата посебно внимание привлече улогата на Северна Македонија, каде што биле уапсени две лица:

А.Ч., кој во Турција се барал за повеќе кривични дела, меѓу кои прекршување на даночниот закон, измама преку информатички системи, фалсификување службени документи, како и прифаќање криминален имот.

Н.Ш., осомничен за „овозможување незаконско патување на турски државјани или странци во друга земја“, како и за фалсификување официјална документација.

Двајцата биле приведени во координација помеѓу македонските служби за безбедност и турската полиција, по што биле екстрадирани во Истанбул.