Балканската ѕвезда Теа Таировиќ во Скопје синоќа имаше голем спектакуларен концерт во арената „Борис Трајковски”.
Концертот беше музички спектакл со врвна продукција, импресивна сценографија, танчери, специјално осмислени кореографии, костими и светлосни ефекти кои ја претворат арената во вистинска концертна магија.
За Теа, концертот не е само изведба, туку големо уметничко дело во кое секој тон, секој кадар и секоја емоција имаат своја улога.
Минатата година, токму во ноември, Теа ја наполни скопската арена до последно место, концерт кој беше распродаден до последна карта и кој остави силен белег кај публиката.
Теа Таировиќ се расплака на концертот во Скопје пеејќи песна од Тоше, па гласно порача: Чувајте се и чувајте ми ја Македонија.
Како изгледаше овој емотивен момент може да го погледнете тука
