Лоши вести за идните шофери во Македонија: Цените за авто-школа вртоглаво скокнаа

0
341

Идните шофери и оние кои сакаат дополнителни категории кои не ги поседуваат, во иднина ќе мора да бркнат подлабоко од џебот.

Полагањето за возачка дозвола од Б категорија поскапе и речиси и да нема авто школа која има цена пониска од 500 евра, односно 33.000 денари.

Од авто-школите објаснуваат дека покачувањето било неминовно поради зголемените трошоци за гориво, одржување на возилата и техничка опрема, но дека и новите прописи што ги воведе ресорното министерство бараат построги стандарди за наставата.

„Не можеме да работиме со цени од пред 10 години кога сè околу нас е поскапо“, велат од неколку авто-школи во Скопје за Денар.мк.

Сепак, и тие признаваат дека многу млади сега двапати ќе размислат пред да се запишат, бидејќи цената станала сериозен товар за просечното македонско семејство.

Покачувањето на цените особоено е видливо кај авто школите во нашиот главен град Скопје.

Ова се новите цени во најголем дел од авто школите во Скопје од почетокот на месец ноември:

AM категорија – 6.000 денари

Б категорија – 33.000 денари
– 2 дополнителни часови 2.000 денари
– користење на возило за испит 1.500 денари

Ц категорија – 32.000 денари
– 2 дополнителни часови 3.000 денари
– користење на возило за испит 2.000 денари

Ц + Е категорија-25.000 денари
– 2 дополнителни часови 4.000 денари
– користење на возило за испит 2.500 денари