(ВИДЕО) Претепале 13-годишно момче од Скопје, а сето тоа го снимале и објавиле – таткото огорчен се огласи

0
284

За жал уште еден немил настан со насилство врз дете исплива во јавноста.

Истиот го сподели новинарот Фуркан Салиу кој потенцира дека жртва е 13-годишно дете од Драчево кое е спортист, односно кик-боксер.

Истото било нападнато од група повозрасни деца, а додека бил тепан, бил и сниман и потоа објавен на социјалните мрежи.

„Детето мое име 13 години и учи во Драчево. Како што слушам од други другарчиња, моето дете кое вежба шест години кик бокс, демек овој боксер е, ајде да го истепаме и да го пуштиме на социјалните мрежи, малку да му се посмеиме и да го гледаме сите,вели таткото на детето, Рафис Камберовски, за Портали Х и додава:

„Нормално веднаш пријавивме во полиција од каде што ми рекоа брзо ќе го спроведат ова“.

Ова не бил прв инцидент. Таткото објаснува дека истата група адолесценти, на возраст од 15–16 години, претходно дошле и во училиштето на неговиот син за да го нападнат, но биле спречени од постари ученици кои ги избркале.

Видеото кое го објави Фуркан Салиу може да го погледнете тука.