Повеќе нема дилеми – Мицкоски вечерва лично откри колкава плата зема

0
692

Христијан Мицкоски, актуелнот премиер на Македонија вечерва во гостување во ТВ Телма рече дека судиите во земјава бараат судски буџет далеку над европскиот просек, дури и 75 отсто повеќе.

Затоа не гледа причина за зголемување на таа сума, бидејќи судиите не покажале резултати за да добијат таков буџет.

Премирот рече и дека јавноста мора да знае дека претседателот на еден во државава има плата од околу 180 000 денари или околу 3 000 евра.

Мицкоски притоа откри и колкава плата тој добива како премиер

„Мојата плата како премиер е 155 000 денари“, рече тој.

На новинарско прашање колку плата треба да зема еден судија, Мицкоски рече дека ако просечната плата во земјава е 45 000, а претседател на суд месечно зема 180 000 денари, што според него, е голема сума, тогаш судија треба да зема колку што е премиерската плата или околу 150 илјади денари.