Како што е познато веќе од утрово се спроведува голема акција на МВР која резултираше со апсење на 11 вработени во УЈП во врска со истрагата за пожарот во Кочани. Четворица се од Штип
Уште 11 лица, службеници, вработени и раководни лица од Управата за јавни приходи и од Државен пазарен инспекторат се опфатени со проширената истрага поврзана со пожарот и работењето на дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени.
Дел од лицата се уапсени, а против сите се покренати кривични пријави за разни кривични дела, од злоупотреба на службена положба, примање поткуп, до фалисификување исправи.
Според информациите до кои дојде Плусинфо, 11-те лица опфатени со проширената акција на МВР се товарат за следните дела: – Д.П. од Штип се товари за кривични дела „Примање поткуп“ по член 357 од КЗ и „Оддавање службена тајна“ по член 360 од КЗ – ќе се бара притвор – УЈП Штип – живее во Штип – лишен од слобода. – Д.Д. за кривично дело „Примање поткуп“ по член 357 од КЗ и Примање награда за противзаконито влијание по член 359од КЗ – ќе се бара притвор – УЈП Штип – живее во Штип – лишен од слобода. – М.Ј. за кривично дело „Давање поткуп“ по член 358 од КЗ и Давање награда за противзаконито влијание по член 358 -а од КЗ – Пулс Кочани. – Д.Ч. за две кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ и кривично дело „Фалсификување службена исправа“ – УЈП Струмица – живее во Гевгелија.
А.Ч. за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ и кривично дело „Фалсификување службена исправа“ по член 361 од КЗ – УЈП Струмица – живее во Гевгелија – лишен од слобода.
– А.К. за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ и кривично дело „Фалсификување службена исправа“ по член 361 од КЗ – УЈП Струмица – живее во Струмица – лишен од слобода.
– А.Ч. за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ и кривично дело „Фалсификување службена исправа“ по член 361 од КЗ – УЈП Струмица – живее во Валандово.
– Н.Т. за кривично дело “Злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 од КЗ – УЈП Штип – живее во Штип – лишена од слобода.
– АК.. за кривично дело “Злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 од КЗ – УЈП Штип – живее во Штип – лишен од слобода.
– В.К.– ДПИ – за кривично дело „Оддавање службена тајна“ по член 360 од КЗ – ДПИ – живее во Кочани.
– Д.Ј. за кривично дело „Фалсификување исправа“ по член 378 став 4 од КЗ – Пулс Кочани.
