Страшна сообраќајна несреќа на амбулантно возило во Скопје: Докторот со тешки повреди во болница, пациентот кој се превезувал починал

0
422

Тешка сообраќајна несреќа се случила влера, за која МВР информира во денешнио дневен билтен.На 19.11.2025 околу 12:01 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„11 Октомври“ и бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, медицинско возило „рено трафик“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна здравствена установа, управувано од Ж.А.(55) од Скопје нагло запрело при обид да избегне судир со друго возило, кое го напуштило местото.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила А.М.(26) од Скопје, лекар од установата, додека со телесни повреди се здобила А.Р.(41) од Скопје, исто така, вработена во установата, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Во медицинското возило се превезувал и Ј.Т.(89) од Скопје, кој бил со здравствени проблеми и откако бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ лекар констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.