Таксист од Скопје нападнал 18-годишна Србинка – ја допирал по тело и ја бакнал

0
97

Во текот на вчерашниот ден се случил немил настан откако такси возач е обивинете за напад и вознемирување на девојче.

Министерството за внатрешни работи информираше за овој настан, а во истиот се вели:

-На 19.11.2025 во 21:30 часот во СВР Скопје, 18-годишна девојка од Србија, со привремен престој во Скопје пријави дека околу 15:15 часот, додека се возела во такси возило на подрачјето на Гази Баба, такси возачот ја допирал по телото и ја бакнал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Уште еден настан од Дневниот билте на МВР привлече внимание, а за него се вели:

На 19.11.2025 во 19:30 часот во СВР Скопје, С.Ш.(49) с.Долно Бањица, гостиварско, пријави дека околу 10:15 часот на паркинг простор на подрачјето на Карпош, по претходна расправија за паркинг место, едно женско лице ја удрило со нејзиното возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.