Пребројани се, повеќе нема дилеми: Објавено севкупно со колку доктори располага Македонија

0
194

Министерот за здравство Азир Алиу, денес одржа прес конференција на која беа споделени важни информации

За прв пат Министерството започна со анализа на податоци, на моменталната ситуација на човечки ресурси во јавните и приватните здравствени податоци.

За оваа анализа биле земани податоци од Централен регистар, Агенција за вработување, Лекарска, стоматолошка и фармацевтска комора, Управа за електронско здравство, ФЗОМ.

Бројот на вработени во јавниот и приватниот здравствен сектор изнесува 32.383, од кои 18.536 се во јавни здравствени установи, додека 13.847 се во приватните здравствени установи.

Од оние во јавното здравство 9.040 се лекари и членови на тимови во приватно здравство, а останатите 4.807 се вработени во приватни здравствени установи.

4.746 се работници на секундарно и терциерно ниво. Медицински сестри се 7.003 во јавните здравствени установи.