По поројните врнежи од дож, ситуацијата во моментов најтешка е на југозападниот дел од Македонија.
Веќе претходн од Центарот за управување со кризи информиаа за Охридски регион:
Значително покачени водостоите на реките; излевања на повеќе места и ризик за поплавување на поединечни станбени објекти. Активирани се екипи за интервенција во Косел, Опеница и кај Скребатска Река.
Овојпат на социјалните мрежи се појави уште една критична точка.
Обилните врнежи од дожд предизвикаа излевање на реката Черава која извира во Република Албанија и се влева во Охридското Езеро на македонска страна.
Поплавени се куќи и дворови во близина на езерото во селото Љубаништа. Видеото може да го погледнете тука.
