Еден од најпознатите српски турбо фолк пејач Аца Лукас синоќа гостуваше во познат кавадаречки локал, а настапот кој на почеток минувал во одлична атмосфера, бил прекинат околу полноќ.
Како што раскажуваат дел од присутните за ВИКИМЕДИА, од страна на полициски службеници.
-Атмосферата беше супер, се додека Лукас не прекина среде песна. Не сфативме веднаш што се случува, потоа забележавме дека дојдоа полициски службеници, а тој нешто негодуваше, се расправаше и замина со нив.
Чекавме некое време да се врати, а по околу половина час некој на микрофон кажа дека Аца е однесен во полициската станица, раскажаа млади луѓе кои биле гости на настанот.
