Една од најпознатите македонски новинарки и водечка во истражувачкото новинарство, Сашка Цветковска на својот фејсбук профил сподели:
„Убавите жени на мојот народ“ – уметникот по сликањето праша „Како се чувствуваш и доживуваш?“
Не знам што точно реков, но сугерирав дека товарот веќе предолго ми е тежок, а душата темна и осамена, но не покажувам. Којзнае и нему дали му признав баш се.
Потоа се видов насликана со бел камен со мало црвено срце што свети во него.Според него, светлината и љубовта кон луѓето е мојата сила, затоа бело. Тивка, тешка, но светла.
Прв пат се гледам преку нечии други очи, прв пат некој ми кажал и покажал. Ти благодарам Славчо, ми се појави во едно вистински мачно и болно време, и приватно и здравствено и професионално.
Ќе пробам да го носам уште белиов камен , со истата љубов и нежност кон сите како кога некогаш верував силно во светлото и доброто во луѓето
