Даниела Димовска која е актуелен В.Д. претседателката на Кривичен суд Скопје се огласи откако нејзиното име се спомнува во јавноста бидејќи братот на Димовска, Драган Паунов кој е вработен во УЈП Штип е еден од осомничените во новата истрага за кочански Пулс.
-Ниту јас, ниту овој суд има било каква улога во тој предмет, јас не можам и не смеам да влијаам врз него.
Како претседател на судот, мојата работа се однесува на обезбедување услови за независнo и непристраснo работење и ја уверувам јавноста дека судот ќе продолжи да работи професионално, законито и транспарентно во постапката за пожарот во дискотеката „Пулс“, како и досега. Моите лични семејни околности немаат и не можат да имаат никакво влијание врз работењето на конкретниот случај во судот
Во Кривичниот суд каде Димовска во моментов ја извршува функцијата на в.д. претседател неделава започна судењето против 35 мина обвинети за пожарот во Пулс во Кочани во кој загинаа 63 млади луѓе.
