Како што велат, со секоја операција што ја прават кон осигурениците на Фондот, клиниката Жан Митрев прави загуба од 3.517 евра во просек и тоа мора да го дополнува со средства, кои ги остварува од приватни пациенти.
Оттаму велат дека загубата што ја прават со работата од Фондот за здравствено осигурување само за минатата 2024 година е повеќе од 4 милиони евра.
-Тоа значи, дека само минатата година, од она што сме го заработиле од приватни пациенти за услуги, кои не се под ФЗОМ, сме го субвенционирале Фондот со 4 милиони евра, за да ги исполниме обврските, кои сме ги преземале со договорот и да не ги оставиме пациентите непомогнати во животно загрозувачката состојба во која се наоѓале, истакнуваат од Клиниката.
Клиника „Жан Митрев“ бара да дојдат од надлежните финансови институции и да утврдат дали е можно да се прави „бизнис“, како што некои тврдат, со овие цени кои се од Фондот за здравствено осигурување.
