„Кравјата криза„ во Крива Паланка која се претвори во шпанска сапуница одново ескалира, овојпат со насилство.
Во селото Добровница, Крива Паланка, сопственичката Јулијана Ѓорѓиевска, инаку Мис на Македонија, се судри со земјоделци поради стотици крави кои уништиле околу 25.000 кг зелка.
Кравите, кои со години се движат слободно низ селата и градот, биле затворени од земјоделците, по што газдарицата насилно се обидела да ги врати животните, при што се случиле и физички инциденти.
Градоначалникот апелира дека кравите се опасни за сообраќајот, вклучувајќи го и меѓународниот автопат кон Бугарија, но досега нема одговор од сопствениците.
На двете видеа кои може да ги погледнете ТУКА и ТУКА се гледа како удара боксови по повозрасен човек обидувајќи се да ги пушти кравите на слобода. Потоа нападнатиот зема дрвен предмет, но во последен момент го спречуваат да ја удри иако надмавнува
