Балканската музичка ѕвезда Аца Лукас откако по драмата во Кавадарци се врати во родната Србија конечно лично се огласи за она што се случуваше.
Притоа пејачот потенцираше на сам старт дека не бил уапсен, туку откако бил повикан и замолен од полицијата да дојде во станица, сам, со своето возило отишол.
Како и неговиот менаџер, така и самиот пејач апострофираше дека ова се должи на политичка одлука од самиот врв на државата.
„Имам сознание дека ова е направено лично и дека има врска и со луѓе од моето најблиско опкружување и со врвот на македонската власт,“ вели Лукас за Скопје1.
„На излегување од судот еден човек ми кажа: Може ли да ви се извинам во име на македонскиот народ, а јас реков мема потреба – народот е прекрасен. Но Македонскиот народ треба да се преиспита кој го води“ кажа при крај од својата изјава која во целост може да ја проследите тука.
