Митко Јанчев со нов голем хуман потег и донација

0
191

Компанијата Кожувчанка, чиј сопственик е Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев со донација од 50.000 литри Изворска вода за поплавените подрачја во Ресен.

Во знак на солидарност и поддршка, компанијата Кожувчанка денес испорача 50.000 литри природна Изворска вода за жителите на најпогодените подрачја во Општина Ресен.

Со оваа донација, сакаме да им помогнеме на семејствата кои се соочуваат со последиците од поплавите и да им ја обезбедиме најосновната, но и најважна потреба – чиста и безбедна вода за пиење.

Нашите мисли се со сите засегнати. А ние сме секогаш тука да помогнеме кога е најпотребно.