Во обраќањето пред гевгелиските верници, на полагањето на камен темелник на новиот црковен храм во Гевгелија посветен на Свети Архангел Михаил, Митрополитот Повардарски, г. Агатангел истакна:
„Ми замеруваат кога ќе кажам дека јас се молам и за нашите непријатели. Како народ, за жал, ги имаме многу.
Но Господ е тој што ќе се смилува на нас, како и до сега, за да опстоиме како народ и нација на овие македонски простори. Ете затоа се молам и за нашите непријатели.“, истакна Агатангел за Телевизија Нова.
Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Тетовско-Гостиварски г. Јосиф ги освети темелите за новиот параклис посветен на „Свети Архистратиг Михаил и сите Небесни Сили“ во градот Гевгелија.
