“Не заслужи да замине така сурово” – Макдонија загуби голем патриот и војник

0
187

Професионалниот војник и атлетичар Игор МС Јакимовски попладнево сподели тажна вест во која се вели:

Со големо неверување и тага ја примив информацијата за загубата на нашиот брат, драг колега, соборец и бранител на Р.Македонија, мајор Горан Божиновски – Божо

Офицер на АРМ од 6та класа со кој поминав многу заеднички питомечки денови како големи другари

Човекот кој во 2000та година ме придружуваше на централната манифестација Водици кај Камениот мост со големо срце кон нашата вера.

Храбриот воин кој ја бранеше Македонија од небото.Офицер со свое ЈАС, лидерство, знаење, авторитет, храбро срце…

Не заслужи да замине така сурово без да знаеме, без да не побара, без да направиме нешто за него..

Утре во негова чест ќе трчам на Армискиот крос.Во чест на братот Божо.Почивај во мир и да имаш мирно небо брату наш