Како што пренесува НетПрес , еден од синовите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, во случајот помалиот е еден од тешко затруените ученици од основното училиште Димо Хаџи Димов во скопската населба Влае во општината Карпош.
Погоре наведниот извор наведува деак дека тој бил хоспитализиран и два дена е во болница со симптоми на труење и зголемена телесна температура. Моментно, според извори на НетПрес, тој е во подобра здравствена состојба.
Инаку, како што веќе објавивме претходно денеска, голем број основци од Димо Хаџи Димов пријавиле симптоми на труење, а дел од нив завршиле и во болница, односно биле хоспитализирани.
Школото ги ослободило од настава сите класови од прв до петто одделение. Исто така, голем број деца и од класовите од шесто до деветто одделение биле ослободени од настава.
