Големите врнежи од дожд одново направија низа проблеми ширум државата. А особено тоа е изразето во источните и северните делови од Македонија.
Во текот на денот на магистралниот пат Кочани – Македонска Каменица имаше на низа места одрони на карпи на коловозната лента.
Апелираме до сите возачи да се движат со зголемена претпазливост поради појавата на нови камени одрони долж магистралниот пат. Посебно укажуваме дека поголемиот камен одрон прикажан на фотографијата се наоѓа во близина на хидроцентралата Калиманци, каде што сообраќајот е значително отежнат.
Локалниот сајт Каменица.мк одновоо вечерва сподели дека има нови одрони и тоа мошне големи, што се гледа од фотографијата тука.
