Толку беше: По дведецениско постоење се гаси оваа македонска телевизија

0
130

Како што е познато Јанко Илкоски или попознат како Јанко Јади бурек вчера се огласи и кажа дека емисијата престанува со постоење и тој се повлекува од малите тв екрани.

Можеше да се претпостави за што станува збор, а сега нема дилеми. Телевизијата Сонце на први декември престанува со работа и со емитување на својата програма во македонскиот етер.

Телевизијата која почна со работа во 2008 година и која се емитуваше преку кабелските оператори, повеќе нема да постои како терестијална телевизија, а не се знае дали ќе продолжи да функционира во поинаков формат.

Причините за затворањето на телевизијата која е во сопственост на Ѓорѓија Атанасовски кој е со потекло од Прилеп а кој со децении живее во САД засега се непознати.

„Во средата (26.11.2025) година, менаџментот не информаше дека Телевизија Сонце ќе се затвора, односно ќе се отвора стечајна постапка. Веќе подолг период се предосеќаше и имаше некои најави дека до ова ќе дојде, но никој од нас не очекуваше да се случи преку ноќ.

Сигурно причините ги знае сопственикот за оваа одлука, но јас сакам само да нотирам, дека Телевизија Сонце беше последната активна компанија на Ѓорѓија Атанасоски која работеше во Македонија.

Е, сега дали му ја затворија или тој самиот ја затвори, останува да виси во воздух одговорот на ова прашање, бидејќи во неколку наврати зборуваше дека Телевизија Сонце му е ногово хоби и дека додека тој е жив, телевизијата ќе работи“ изјави за 24инфо.мк главниот и одговорен уредник на Телевизијата, Игор Мицкоски.