На прес конференцијата Бислимовски инсистираше дека зголемувањето на цената на парното е ислучиво за реновирање на мрежата за која рече тој во изминатиот период речиси и да не било вложено во одржување на мрежата, што довело до бројни поплаки од граѓаните за нефункционален систем на греење.
Од 1 декември 2025, цената на парното греење ќе се зголеми за 5,9 проценти, поради планирани инвестициски поправки и модернизации на дистрибутивната мрежа која е изградена во средината на минатиот век. изјави денес претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски.
За корисниците кои се снабдуваат преку најголемиот систем (ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство) поскапувањето изнесува во просек 5,9%, додека за потрошувачите на ЕСМ Енергетика зголемувањето е 7,6%, а за Скопје Север – Енерџи Еко Линк околу 7,7%.
-Од 1 декември просечната сметка ќе биде зголемена за околу 130 денари, од сегашните 2.200 денари на 2.330 денари, истакна претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.
