„Визер“ не запира – сподели убава вест која и тоа како ќе ги израдува Македонците

0
213

За околу три недели во базата на „Визер“ во Скопје ќе пристигне уште еден авион, кој е шестиот по ред. Исто така, компанијата ја менува, односно осовремененува флотата со авиони со понова технологија и со поголеми авиони, со повеќе седишта, вели генералниот директор на „Визер“, Јозеф Варади, во интервју за МИА.

– Скопје ќе ја добие најдобрата и најсовремената технологија што и е достапна на компанијата. Авионот А321 нео, со кој работи „Виз Ер“ во моментот е најдобриот авион во светот и најбараниот авион од страна на авиокомпаниите. Скопје ќе има можност да го користи – вели тој.

Варади истакнува дека компанијата има добри резултати во земјава. Смета дека повеќето од рутите што ги опслужуваат се релевантни за потребите на потрошувачите и нагласува дека се обидуваат да разберат каде сакаат луѓето да патуваат. Во основа, како што потенцира, разгледуваат три сегменти.

-Секако, со оглед на историјата на земјата, имате многу дијаспора. Македонците кои живеат во странство сакаат да се поврзат со татковината. Второ, Македонија станува сè порелевантна за туристички цели, за патниците.

Значи, сакаме да се осигураме дека ќе создадеме инфраструктура, врска, поврзаност за зголемување на туризмот, тука во Македонија. И трето, како што расте средната класа, луѓето имаат повеќе пари за трошење и сакаат да поминуваат време на семејни одмори, да посетуваат градови итн. Значи, се обидуваме да обезбедиме инфраструктура и за тие цели – вели Варади.