Бојан Иванов прогласен за мртов, а потоа најден жив и здрав по 10 години:Кога слушнаа зошто исчезна, луѓето не можеа да поверуваат

0
281

Бугаринот Бојан Иванов, кој беше прогласен за мртов во 2013 година, беше пронајден жив во бугарскиот Национален парк Пирин по повеќе од 10 години, а се покажа дека тој некое време чувал овци во планините на Грција, а потоа талкал низ шумите помеѓу Бугарија и Грција.

Како што пишува денес Фигаро, Иванов бил случајно откриен од вработените во паркот на 30 октомври за време на рутинска проверка на камповите.

Тие забележале шатор поставен надвор од дозволените зони и го прашале човекот за лична карта, кој реагирал агресивно, поради што биле повикани локалните власти.

Потоа било откриено дека немал документи за идентификација, а подоцна било потврдено дека станува збор за лице кое било прогласено за мртов повеќе од една деценија.

Првично се сметало дека Иванов ги поминал сите свои години како пустиник во паркот, но подоцнежната истрага покажала дека тој дел од времето го поминал и во Грција, каде што чувал овци кај еден земјоделец, а по неговата смрт, талкал низ шумите и ја преминал границата меѓу Грција и Бугарија.

Пред неговото исчезнување, Иванов имал финансиски и семејни проблеми, односно бил одделен од сопругата и синот, а живеел скромно во Нови Село со мајка си, работејќи во складиште за жито.

По откривањето, властите му понудиле сместување, што тој го одбил, а бидејќи бил прогласен за мртов, не можела да се покрене истрага.

Неговиот пасош и документи за идентификација ќе бидат обезбедени, но за кампување надвор од дозволените зони може да биде казнет со парична казна од 250 до 2.500 евра, што веројатно е причината за неговото ново исчезнување по кратка полициска постапка.

Бојан Иванов, истакнува Фигаро, останува симбол на еден необичен и мистериозен случај во Бугарија, кој привлекува големо медиумско и јавно внимание.