Поројните дождови ја преполнија и се излеа Кочанска река и донесоа големи штети за населението во пред се околните села.
Од големите количини на вода поплавени се стотици хектари, ниви, заробени под вода останаа неожнеаните површини со ориз, а во Облешево девет куќи повеќе од 24 часа се под вода.
Најпогодено е семејството Атанасови кои буквално водата ги зарботи.
„Сабајле во 6 часот кога станавме видовме водата дојде и не можевме да излеземе подалеку од терасата“, вели жената за ТВ Стар.
Една од причините за ова се неисчистените канали. Како изгледаат поплавените површни ни објективот на ТВ Стар може да погледнете тука.
