Познатиот македонски актер со јавна молба до Орце Ѓорѓиески поради Имер и Кенан

0
158

Актерот Сашко Тасевски на својот фејсбук профил сподели објава во која што вели:

Ова се Имер и Кенан, татко и син кои пред Пелистер ги продаваа најубавите костени. Немаше ниту еден расипан костен ко ќе ти ги дадат во фишекот. 30 години продаваа костени.

Сега се тргнати од таму, наводно ќе имало јавен оглас и чекаат… повеќе од еден месец. И никој не им кажува уште колку ќе чекаат. И дали ќе дочекаат.

Арно ама две фамилии зависат од нив, а сега се буквално без работа. Оти тоа работеа продаваа костени пред Пелистер. Не продаваа шверцувани цигари или дрога. Продаваа само костени.

Никому не пречеа. Тивки. Татко и син. Видливи и познати само поради прекрасниот мирис на костените. Дури и Бекстејџ направи прилог за нив со мене.

Го молам градот, новиот градоначалник на Скопје, да ги врати Имер и Кенан на местото каде продаваа костени. Триесет години.