Од утре и тоа како треба да внимавате со оглед на тоа што камерите на „Сејф сити“ ве снимаат. Министерството за внатрешни работи (МВР) стартува со системот „Безбеден град, безбедна држава “, кој автоматски ќе регистрира сообраќајни прекршоци и ќе ги казнува прекршителите.
До Нова година е предвиден пробен период односно без парични казни, само со предупредувања.
Возачите ќе добиваат само предупредувања, без изрекување казни. Од јануари системот влегува во целосна примена и ќе има парични казни.
„Сторителите на прекршоци кои ќе бидат документирани преку системот Безбеден град ќе бидат санкционирани согласно одредба која ја регулира најголемата дозволена брзина на движење на возилата, односно нема да има толеранција без разлика дали ќе се документира прекршок во населено место или надвор од населено место“, изјави потпаролот на МВР, Гоце Андреевски за Телевизија 24.
