Д-р Сашко Николов по година ипол се сретна со Србинот на кого му го спаси животот по срцев удар за време на кошаркарски меч

0
50

Еден од најдобрите македонски каридиолози, Д-р Сашко Николов од Штип повторно се најде во центарот на вниманието.

Имено многумина можеби знаат, но за оние кои првпат се среќаваат да кажаме дека Николов пред година ипол спаси живот на лице за време на меѓународен турнир во кошарка за ветерани во Суботица.

Откако завршил натпреварот, еден од учесниците паднал во бесознание од масивен срцев удар. Лицето не давало никакви знаци на живот, па реагирал докторот Николов, кој и самиот бил учесник на овој турнир.Брзата и стручна реакција биле клучни да се спаси животот.

Д-р Николов вечерва се сретна повторно со човекот и за оваа средба напиша:

-Нема подобро чувство повторно да се сретнеме со човекот кој пред 18 месеци ме надигра и натрча во кошарка, а после утакмицата доби срцев удар, каде после изведена тешка и долга реанимација повторно се врати на спортските терени. Пријателство за цел живот!!!