По настапот во Швајцарија, почина познатиот хрватски пејач Мирко Перковиќ Поки.
Според информациите до кои дојде списанието Феникс, Перковиќ почина во Цирих по неговиот настап на 15-тата Ливањска вечер одржана во сабота, 29 ноември.
Точните околности на неговата смрт се уште не се познати, а неговите пријатели рекоа дека пејачот бил пронајден во хотелска соба во недела околу единаесет часот.
Тие наведуваат дека Перковиќ веќе се чувствувал лошо во текот на вечерта, поради што претходно го прекинале настапот на Ливањската вечер. Неговите пријатели сакале да го однесат во болница, но тој одбил.
Тој ги уверил дека му треба само одмор бидејќи е дехидриран. За жал, отишол во хотелска соба каде што подоцна бил пронајден мртов.
