Сестричка (16) и братче (14) од Скопје качени во автомобил на Бит Пазар – па момчето натепано, а девојчето однесено

0
304

Две малолетни деца вчера на територија во Скопје биле качени во автомобил, по што едното било тепано, а другото однесено.

Министерството за внатрешни работи во својот Дневен Билтен информира:

На 30.11.2025 во 23:00 часoт во СВР Скопје, 51-годишна жена од Скопје пријави дека околу 17:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 14-годишен син и нејзината 16-годишна ќерка влегле во патничко возило „опел“ управувано од В.С.

Тој во возилото физички го нападнал малолетникот и го оставил во населбата Сингелиќ, а со малолетничката заминал со возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.