Од државата во која живеат и работат голем дел Македонци, пристига трагична вест. Имено тешка сообраќајна несреќа со фатални последици и елементи на кривично дело ја потресе швајцарската јавност викендов.
Истата се случила во местото Шлиерен, кантон Цирих, а животот трагично го загуби 39-годишен државјанин н Македонија.
Возачот, исто така 39-годишен Македонец, по сударот избегал од местото на настанот без да му пружи помош на својот тешко повреден сопатник.Настанот се случил доцна во саботата вечерта, а епилогот е едно загинато лице, еден уапсен и истрага која сè уште трага по мистериозна сопатничка.
„Летале“ низ зона 30 со џип од 500 коњски сили. Според официјалниот извештај на Кантоналната полиција во Цирих, несреќата се случила во саботата околу 23:30 часот.
Возилото, моќен СУВ (џип) марка „БМВ“ со над 500 коњски сили, се движело од улицата „Енгштрингерштрасе“ кон „Грабенштрасе“.
