(ВИДЕО) Кулминираше драмата во К. Паланка со кравите – се огласи мисицата Јулија по апсењето на татко и: Ова не е законски

0
667

Мис Македонија, Ѓорѓиевска Јулијана која за јавноста е позната и како една од сестрите чиј татко има крави во Крива Палнка се огласи вечерва:

Луѓето што држат дрва (тврд предмет) во рацете – и во моментот го напаѓаат татко ми – не се лишени од слобода.

Јасно се гледа дека апсат луѓе без никаков прекршок, без инцидент, без отпор и без попречување. Ниту провокација, ниту причина – а сепак се применува сила и лишување од слобода.

Ова не е законска постапка. Ова е класичен пример на злоупотреба и прекршување на основните човекови права

Притоа сподели видео од целиот настан кој може да се види тука.