Обвинетите 34 физички и три правни лица за пожарот кој настана на 16-ти март во кочанската дискотека „Пулс“, не се чувствуваат виновни за она што им се става товар и пред судот кажаа дека ќе го докажат спротивното.
Адвокатот на Митко Стојанов и Стојанчо Димитриев, Благој Јованов во судењето за случајот „Пулс“, го обвини ОЈО дека наместо докази користи „ефект на пеперутка“.
„Нема толку живот во Кочани за да го истрпиме овој ужас, нема толку солзи да ги исплачеме овие невини души, во последниот период се изнагледавме како сите покажуваат кон системот како некоја лепрозна баба којашто треба преку ноќ да се претвори во самовила, но додека прстот не го свртиме кон нас се ќе биде залудно.
Се изнаслушавме и изнагледавме гласноговорници за правда, за право, за закони, кои гледаат се само не си ги гледаат сопствените крвави раце. На сите рацете ни се крвави, моите се крвави затоа што молчев предолго за да не бидам исфрлен од судко-адвокатско-обвинителскиот клуб во којшто работите се прават отприлика добро и само понекогаш правилно.“ изјави Јованов.
