Билјана Ивановска ќе биде кандидат за градоначалник на „Независни заедно“ за општина Центар

0
63

Граѓанските иницијативи од Платформата „Независни заедно“, ја претставија поранешната антикорпуционерка Билјана Ивановска, како независна кандидатка за градоначалничка за Општина Центар.

Ивановска е поддржана од иницијативите „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и граѓанската иницијатива „Групација 398“.

Ивановска ќе одржи прес-конференција за објавување на својата кандидатура на просторот пред фонтаната Лотус на влезот во Градски Парк на 14.08. (четврток) во 09:30 часот.