(ВИДЕО) Трагикомедија: Играчите на Тиквеш на раце преместуваа автомобили за да може да си заминат со автобусот од Скопје

0
102

Екипата на РК Вардар во рамки на редовното коло од македонската лига го одигра дуелот со Тиквеш на кој славеше со резултат о д 31-27 (18-12).

По мечот гостите од Кавадарци ги снајде непријатен момент откако нивниот автобус остана заробен.

Тие иако изморени по мечот, не чекаа да дојде полиција или пајак, па работите ги презедоа во свои раце.

Тимско срце и надвор од терен! По мечот со Вардар, автобусот на Тиквеш остана „заробен“ пред „Јане Сандански“ – концертски метеж и непрописно паркирани возила ги блокираа излезите.

Момците не се откажаа: со неколку „орук“ потези поместија две коли и си го отворија патот кон Кавадарци. Видеото кое го објавиј 24ракомет.мк може да се погледне тука.