Одново ќе падне рекорд: По долги години борба, Македонка на 61 години остана бремена

0
121

Повторно рушиме рекорди во Болница „Д-р Органџиски“!Со гордост нагласуваме – станува збор за успешно реализирана ин витро (IVF) процедура, уште еден доказ за врвното знаење, искуство и посветеност на нашиот тим.

Денес сме преплавени со емоции, гордост и благодарност. Наши пациенти кои живеат и работат во Европа, не израдуваа со вест што се чека цел живот – позитивен тест за бременост.

По долги години борба, надежи што многупати биле разнишани и бројни посети на клиники ширум Европа, конечно – успех. Идната мајка, на безмалку 61 година и идниот татко, на 70 години, го дочекаа моментот за кој сонуваа со децении. Момент што за многумина изгледа невозможен, а за нас – уште една потврда дека кога знаењето, искуството и срцето се заедно, чудата навистина се случуваат.

Под водство на Д-р Стојан Органџиски, заедно со Д-р Верица Органџиска и посветениот ембриолошки тим Емилија Миовска и Анѓела Мицова, беше постигнат резултат што ја надминува медицината – резултат што допира до човечката душа.Од срце се радуваме со идните родители и им посакуваме мирна, успешна и благословена бременост, исполнета со надеж, радост и љубов.

Да ве потсетиме – највозрасната пациентка која забременила и родила здраво машко дете на 60 години, токму во Болницата „Д-р Органџиски“, е уште еден силен доказ дека границите постојат само додека не ги поместиме.Болница „Д-р Органџиски“ – место каде ин витро медицината се среќава со човечноста, а чудата се случуваат благодарение на знаење, искуство и бескрајна посветеност.