Хаос во автобус на ЈСП: Поголема група нападнале 15 годишен патник, а потоа и шоферот

0
119

За жал нотираме уште еден сериозен инцидент во автобусите на ЈСП на територија на Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи за настанот информираат:

На 22.12.2025 во 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во автобус на ЈСП Скопје во с.Кондово, општина Сарај, шест лица физички нападнале 15-годишник од с.Радуша, скопско, а потоа го нападнале и возачот на автобусот Р.Ф.(38) од с.Радуша.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.