Во сообраќајка во Скопје, тешко повреден возач на мопед

0
1

На 15.10.2026 околу 15:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(59) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Б.(31) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.