Официјално: Ангела Јанкуловска успешно оперирана, ја чека долга пауза

0
2

Македонската женска ракометна репрезентација дефинитивно ќе биде ослабена на претстојното Европско првенство, откако стана јасно дека една од нејзините најважни ракометарки, Ангела Јанкуловска, нема да може да настапи поради тешка повреда на коленото.

Нејзиниот клуб Дунајска Стреда официјално потврди дека македонската репрезентативка успешно била оперирана, откако се повредила за време на реванш-натпреварот против Салерно во Европскиот куп на ЕХФ.

За време на хируршкиот зафат била извршена реконструкција на лигаментот што го стабилизира коленото. Јанкуловска ќе остане во болница до крајот на викендот, а од понеделник ќе започне со рехабилитација.

Од Дунајска Стреда информираат дека закрепнувањето по ваков вид повреда вообичаено трае меѓу седум и девет месеци, што значи дека македонската репрезентативка ќе се врати на терените дури следната сезона.

Отсуството на Јанкуловска претставува голем удар за селекторот Игор Марковиќ, бидејќи таа важи за една од клучните алки во играта на македонската репрезентација.