Димитријевиќ блесна со 13 асистенции во победата на Арис

0
1

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ продолжува со одличните настапи во дресот на Арис, откако повторно беше еден од најзаслужните за победата на својот тим во Еврокупот.

Арис на домашен терен славеше против францускиот Ле Ман со 96-86, а Димитријевиќ одигра уште една извонредна партија. Македонскиот плејмејкер натпреварот го заврши со 11 поени, импресивни 13 асистенции и два скока, потврдувајќи ја одличната форма во која се наоѓа.

Со новиот триумф, грчкиот клуб ја продолжи успешната серија во Еврокупот и останува во самиот врв на табелата. Арис моментално е второпласиран во својата група со биланс од седум победи и само еден пораз.

На лидерската позиција се наоѓа Хапоел Ерусалим, кој по осум одиграни натпревари има максимален ефект од осум победи.