Три згради и 1.300 квадрати деловен простор – што подготвува Елена Лука за Берово?

0
2

Берово наскоро ќе добие нов станбено-деловен комплекс, зад чија најава стои познатата македонска модна дизајнерка и претприемачка Елена Лука.

Планираниот проект предвидува изградба на три станбени згради со околу 122 станови и вкупно 1.300 квадратни метри деловен простор. Комплексот е предвиден на улицата „Жан Кофол“ во Берово.

Инвестицијата, кој ќе се реализира според најавените планови, би можел да донесе нови можности за домување, но и дополнителни деловни содржини во градот, придонесувајќи за неговиот урбан развој.

Повеќе информации за проектот се очекува да бидат објавени во наредните денови, кога е најавено и неговото официјално претставување.

Во продолжение погледнете го видеото во кое Елена Лука го најавува новиот проект во Берово.