Доделување на државната награда „8 Септември“ за 2025 година

0
54

Во Кристалната сала на Собранието денеска ќе се одржи свечена церемонија на доделување на државната награда „8 Септември“, највисокото признание за животно дело и за остварувања во областа на спортот.

Добитник на наградата за животно дело за 2025 година е Јошко Миленковски, кој е награден за неговиот исклучителен придонес во развојот на спортот, како и за афирмацијата и промоцијата на државата на меѓународен план.

Покрај него, признанија за значајни спортски остварувања ќе добијат и Хамид Бакија, Зоран Николовски, Виктор Тевчев и Кирил Манев – спортисти, тренери и спортски работници кои оставиле силен белег во македонскиот спорт.

Наградите ги доделува Одборот за државната награда „8 Септември“, кој традиционално ја организира оваа манифестација во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста.