Андоновски на промоција на нова електронска услуга наменета за студенти

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски заедно со директорот на Државниот завод за статистика Дејан Станков денеска ќе ја промовираат новата електронска услуга на ДЗС наменета за студенти која е достапна на националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk.

Како што информираат од Министерството за дигитална трансформација, се работи за услугата „Образец за запишани студенти на додипломски студии (прв циклус) на факултетите и високите стручни школи (ВОИ20)“.